Бектеши: Вкупно 400 компании ќе добијат 17,2 милиони евра за инвестиции

by Фокус

Вкупно 400 компании кои инвестирале во текот и во пост-ковид периодот ќе добијат 17,2 милиони евра финансиска поддршка од државата, објави министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

„Министерството за економија во наредниот период ќе склучи договори со компаниите за реализација на инвестициите со што ќе започне и исплата на средствата. Целта на оваа мерка е директно да ги поддржиме компанииите со цел да се стабилизира и обнови нивната конкурентност, вклучувајќи го и враќањето на изгубените пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат заздравување на домашната економија преку реализација на инвестициски проект во текот и во пост-ковид периодот од март 2020 до декември 2021 година“ напиша министерот Бектеши.

Поврзани новости