555
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во земјава, Вероник Улман.
Тој и посака многу успех во вршењето на новата должност и се заблагодари за досегашната поддршка која што државата ја добива од швајцарската Влада.
– За време на состанокот разговаравме за нашите активностите што ги преземавме за поддршка на граѓаните за време на кризата, како и мерките за справување со енергетската криза која што ја зафати Европа и светот, наведе Бектеши во објава на Фејсбук.
Тој посочува дека двете земји имаат традиционално одлична соработка, за што и со амбасадорката Улман се согласивме дека има простор за унапредување.