Бектеши: Цените не се намалени согласно нашите очекувања

by fokus

Цените не се намалени согласно нашите очекувања со одлуката за замрзнување на маржите и најверојатно во текот на наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот на кој се прави трговијата, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

-На дневна основа ја следиме состојбата и добиваме извештаи од страна на Државен пазарен инспекторат. Кај одредени производи наведени во листата има намалување на цените. Дали се намалени согласно нашето очекување да бидам искрен не, но дополнително ќе се прошири одлуката. Најверојатно тоа ќе биде наредната недела, бидејќи немаше доволно време за да можат да ги усогласат цените. Оваа недела ќе направиме целосна анализа од денот кога се применува одлуката и најверојатно наредната недела ќе се прошири одлуката и ќе се менува согласно начинот како се прави трговијата во нашата држава од денот кога е донесена таа одлука, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Како што нагласи одлуката за замрзнување на маржите важи до 30 септември, а во делот на целосно укинување на дополнителни трошоци, рабат и рекламирање до крајот на годинава.

-До крајот на неделава ќе видиме дали ќе има дополнително намалување од ова намалување сега што е. Ако нема секако дека ќе се смени и одлуката во вторник кога ќе имаме седница на Влада.  Ако не се почитува одлуката во делот на маржите стои опцијата дека може да се донесат и мерки за замрзнување на цените. Ако донесеме таква одлука тоа ќе значи дека ќе имаме фиксна цена за секој производ, рече Бектеши.

Поврзани новости