716
На крај на мај, почеток на јуни ќе може да се организираат свадбени прослави, изјави министерот за економија Крешник Бектеши на ТВ 21.
-Доколку продолжи ваквата епидемиолошка ситуација, тогаш крај на мај или почеток на јуни ќе се отворат и рестораните за свадби согласно протоколите кои ќе бидат одобрени – истакна тој.
Инаку, министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека се уште е рано да се организираат свадби, концерти и останати настани.