Бектеши: Со зголемување на обновливите извори на енергија, ќе се намали зависноста на земјата од природен гас и горива

by Fokus

Еден од главните приоритети на владата  се развојот и инвестициите во енергетскиот сектор за да се обезбеди одржливо снабдување со енергија и покрај енергетската криза што ја зафати не само Северна Македонија, туку и целиот свет, изјави министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќањена Конференцијата „Западен Балкан: Трансатлантска и регионална соработка – градење силни сојузи“, која што денес се одржа во Вашингтон.

„Во изминатите неколку години Владата направи неколку реформи во енергетскиот сектор со што започнавме процес на декарбонизација“, рече бектеши.

- Advertisements -

На панел дискусијата се ззборуваше за предизвиците со кои се соочуваат земјите од Западен Балкан во процесот на декарбонизација и промоција на обновливи извори на енергија.

“Северна Македонија е првата земја членка на Енергетската заедница, која изработи Национален план за енергија и клима, кој опфаќа декарбонизација, енергетска ефикасност, безбедност во снабдувањето со енергија, внатрешен пазар на енергија и истражување, иновации и конкурентност. Декарбонизацијата е и еден од главните столбови на националната Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година.

Зависноста на земјата од увоз на природен гас, како и од повеќето горива, го прави сценариото за декарбонизација значително ранливо на превирањата на пазарите за јаглен, нафта, природен гас и електрична енергија, предизвикани од руската инвазија на Украина” , рече Бектеш.

Со обврските кои ги има превземено Северна Македонија во делот на декарбонизација се предвидува во наредниот период да за затворат термоелектраните и со тоа да се запре производството на електрична енергија од јаглен, да се зголеми учеството на обновливите извори во енергеткиот сектор, процес кој веќе е започнат со инвестиции во фотонапонски централи, како и намалување на зависноста од увоз на електрична енергија.

„Северна Македонија постигна значителен напредок во декарбонизацијата и климатските активности во националните стратешки и акциски документи за енергија и клима. Согласно Стратегијата за развој на енергетиката, учеството на ОИЕ во бруто-финалната потрошувачка на енергија се очекува да се зголеми, достигнувајќи во опсег од 35-45% во 2040 година“, изјави Бектеши.

Северна Македонија во делот на природниот гас во моментот е целосно зависна од рускиот гас, кажа Бектеши и додаде дека со поддршка на нашите партнери САД и ЕУ лани државата успеа да обезбеди дополнителни капацитети преку гасоводот со Бугарија. До крајот на годината ќе почне и изградбата на интерконекторот со Република Грција со што ќе се диверзифицираат изворите за снабдување со овој енергенс, рече министерот.

“Работиме на гасно поврзување со Србија и со Косово што би значело поголема енергетска независност на регионот” изјави Бектеши.

 

Поврзани новости