497
Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешна средба со медиумите говореше за планираната седница на владите на Македонија и Бугарија во Софија, за која веќе се дефинирани македонските ресорните министри кои ќе учествуваат.
„Од економски аспект, ние одиме со конкретни предлози и меморандуми. Во делот на економијата може лесно да се усогласиме со Бугарите“, рече Бектеши.