Бектеши: Сите кои нема да ги почитуваат владините препораки ќе бидат казнети со 5.000 евра или една година затвор

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција истакна дека се засилени контролите во супермаркетите и дека сите оние кои не ги почитуваат  владините одлуки, ќе бидат казнети.

„ Свесни сме за големата паника која се предизвика кај граѓаните, па тие купуваат масовно и нерационално. Наша цел е да им излеземе во пресрет на инспекторите и затоа ја отворивме бесплатната линија 191 на која ќе се пријавуваат сите оние кои работат на диво или ако забележат дека се  зголемени цените во маркетите – вели Бектеши.

Тој алармираше до сите граѓани, угостители кои нема да ги почитуваат препораките на владата дека ќе бидат казнети со казна од 5.000 евра или според член 205 со една година затвор.

Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат вели дека на бројот 191 ќе можат да се јават сите оние кои ќе увидат неправилности во работата на инспекторите.

 

Поврзани новости