Бектеши: Секој граѓанин да плати толку струја колку што потрошил, да му се овозможи на ЕВН да пушти струја во Слупчане

by Fokus

Министерството за економија ги повика сите граѓани во државата редовно да си ги подмират обврските кои ги имаат кон енергетските компании.

„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил.

Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.

Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил, бидејќи така функционира пазарната економија“, соопштија од клабинетот на министерот за економија Крешник Бектеши.

Министерството за економија ги повика сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН.

Поврзани новости