Бектеши: Пристигнаа 67 апликации за хидроелектраната „Чебрен“, јавниот повик истекува денеска

by fokus

До вчера 67 компании покажале интерес за јавниот повик за изградба на хидроелектраната „Чебрен“. Рокот за поднесување понуди истекува денеска, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

– Јавниот повик за „Чебрен“ е објавен од страна на МЖСПП. Јас како министер надлежен за секторот енергетика имам информација дека до вчерашниот ден 67 компании покажаа интерес, но заклучно со денеска треба дополнително да провериме колку компании дале понуда, а откако Комисијата ќе ги отвори сите понуди секако дека ние како Министерство за економија ќе бидеме директно вклучени во целосната процедура за избор на најповолна понуда, рече Бектеши на новинарско прашање по отчетот за првите 100 од работата на Министерството за економија.

Поврзани новости