Бектеши: Повеќе од заинтересирани сме за развој на ски-центарот Попова Шапка

by Fokus

Овој шестосед е инвестиција од Владата на индиректен начин, имајќи предвид дека АД ЕСМ е во 100 отсто сопственост на Владата. Како Влада сме повеќе од заинтересирани да определиме средства во иднина за развој на ски-центарот Попова Шапка, имајќи во предвид дека веќе сме направиле такви инвестиции и дека ЕЛЕМ Турс има одлично искуство во реализација на вакви инвестиции, порача министерот за економија Крешник Бектеши по денешното вклучување во работа на новата шестосед-жичница „Лајтнер“ првпат во сезонава.

-Имаме развиени модели преку јавно приватно партнерство каде што Владата не учествува со средства, но дава придонес во делот на многу важни документи кои се предуслов за секаква инвестиција. Без физибилити студија, без идеен проект, без дју дилиџенс никаде во светот не може да почне некаква си реализација. Ние веќе сме ги завршиле за Попова Шапка што значи дека сега комисијата ќе одреди кој модел ќе го користиме, дали ќе биде потполна приватизација, дали ќе биде јавно приватно партнерство или, пак, ќе биде комбиниран модел. Имајќи во предвид дека во сопственост на ЕЛЕМ Турс се и хотелите, но истовремено и ски центарот, најверојатно ќе одиме со јавно приватно партнерство како модел што и во други држави давал соодветни резултати, рече Бектеши во одговор на прашање.

Поврзани новости