Бектеши: Поништивме 3 концесии за каменоломи, во тек се консултации и за 3 други

by Фокус

Од вкупно 6, досега се поништени 3 концесии за каменоломите во Лабуништа и Чегране, рече министерот за економија Крешник Бектеши, додавајќи дека се во тек консултации за поништување и на другите 3 концесии.

-За многу краток рок убеден сум дека ќе бидат поништени. Подготвуваме и законски измени во рамки на законот за минерални извори каде ќе се даде можност за префрлање на концесиите од една локација на друга – рече Бектеши.

Тој појасни дека ова се прави со цел да не се оштети буџетот од можен судски процес, но, истакна министерот, доколку концесионерите не прифатат да се префрлат на друга локација, Владата ќе преземе мерки за решавање на овој проблем.

Поврзани новости