Бектеши по најавата на Хоџа повика да се почитуваат одлуките на ДИК

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши, кој доаѓа од редовите на ДУИ, по најавите на Движењето Беса за евентуално повлекување од Владата поради прегласување во Општина Желино, изјави дека треба да се почитуваат институциите, посочувајќи на Државната изборна комисија (ДИК).

Бектеши во одговор на новинарско прашање за негов коментар за на најавата неговиот колега, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа од Движење Беса, кој повлекувањето го најави преку социјалните мрежи, рече дека имал прилика и вчера и во континуитет разговара со него и му кажал дека малку е избрзано иако не верува дека дал таква изјава.

-Имав прилика да видам на некој си пост што го објавил на социјалната мрежа „Фејсбук“. Ние како ДУИ и јас лично мислам дека треба да се почитуваат институциите, во овој случај ДИК и согласно факти и аргументи да донесат одлуки се со цел да имаме транспарентен и изборен процес кој ќе биде признат од сите страни. Се случи пред една недела, да не згрешам, случајот и со Општина Дебар каде што можеше да изгуби ДУИ, но ние не ги поврзуваме тие работи. Ние ги почитуваме одлуките на независните институции, во овој случај ДИК и секако дека согласно нивните одлуки и политичките партии треба да постапат, изјави Бектеши.

Поврзани новости