Бектеши од Софија: Историјата да се тргне настрана

by fokus

Сите земји кои се присутни на овој Министерски состанок се исправени пред воената агресија која се случува во срцето на Европа и која предизвикува огромни штети за сите, порача во своето обраќање министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот Министерски состанок за Регионална соработка за енергетска безбедност, диверзификација и зелена транзиција што се одржува во Софија, Република Бугарија.

Тој се заблагодари на поддршката на ЕУ со која изминатите години се работеше заеднички на реформите во енергетскиот сектор во Северна Македонија со цел изградба на нови интерконектори и поголема поврзаност на мрежата не само во регионот, туку и Европа.

Порача дека историските прашања треба да се тргнат на страна и да се носат решенија во интерес на сите.

-Регионот произведува многу историски прашања и во овие тешки времиња неопходно е да се тргне историјата настрана. Ве повикувам сите на солидарност заеднички да изнајдеме решенија кои ќе бидат во интерес на сите земји, посочи Бектеши.

На Министерскиот состанок за енергетика во Софија беше формирана новата регионална платформа на ЕУ за набавка на гас откако Гаспром прекина да ја снабдува Бугарија. Оваа платформа ќе ги вклучи и земјите од Западен Балкан.

Поврзани новости