553
Министерот за економија Крешник Бектеши очекува да има намалување на малопродажните цени на основните прехранбени производи по вчерашното донесување на одлуката за ограничување на маржите.
-Одлуката за ограничување на маржите за основните производи денеска е објавена во Службен весник. Од информациите што ги имаме од Пазарен инспекторат денеска до 15 часот треба сите производители и дистрибутери да формираат нови цени кои ќе ги достават до синџирите на супермаркети и согласно новите понудени цени ќе се намалат цените на основните производи доколку суровините и сите трошоци останале исти, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.