Бектеши: Нема нови субвенции за компаниите што злоупотребиле државна помош

by Фокус

Министерот за економија Крешник Бектеши истакна дека компаниите кои веќе ја злоупотребиле финансиската помош од Владата нема да имаат можност за да аплицираат за нова мерка.

-Тие компании кои злоупотребувале средства од првите четири сета на економски мерки, нема да добијат веќе помош од страна на државата – порача Бектеши.

Според него, треба да се постават критериуми при аплицирање за мерките.

-Доколку треба нивните вработени ќе ги згрижи Владата директно, како што најави и Лукаревска денеска со блокирање на нивните сметки и со префрлување на средствата директно на вработените во тие компании – додава Бектеши.

Поврзани новости