Бектеши: Нема да оставиме енергетската криза да биде на товар на граѓаните

by Fokus

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска најави дека од 1 јануари ќе има пониски цени за струја за домаќинствата и за малите потрошувачи. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на електрична енергија кои ќе важат од 1 јануари 2023.

-Нема да оставиме енергетската криза да биде на товар на граѓаните. Од 1 јануари, пониски цени на електрична енергија за домаќинствата и за малите потрошувачи, напиша на својот Фејсбук профил министерот Бектеши, откако Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на електрична енергија.

Поврзани новости