593
Веќе е подготвен огласот за ваучерите за домашен туризам од страна на Министерството за економија и во текот на неделава ќе биде објавен, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
-Секторот за туризам во текот на денов ќе го достави до стопанските комори за да ги дадат и последните коментари. Откако за два до три дена ќе ги добиеме ќе го објавиме, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање по промоцијата на платформата safetravels.gov.mk за имплементација на „Знак за безбеден туризам“.