Министерот за економија, Крешник Бектеши во гостувањето во ТВ 21, изјави дека регионот и сите земји во светот ги очекува тешка зима, но надлежните институции во земјава ги прават потребните подготовки за што полесно да се справат со оваа криза.
– На глобално ниво нè очекува тешка зима, ЕУ е многу зависна од снабдувањето со природен гас од Русија, покрај цената на природниот гас, се предупредува дека може да дојде до целосно исклучување на соодветните земји, како е случајот со Република Бугарија, има термоелектрани кои работат со природен гас, кои произведуваат и електрична и топлинска енергија како што се случи во градот Скопје со ТЕ-ТО кој го снабдува со топлинска енергија, но паралелно произведува и електрична енергија од 200 MGW/h, но ние правиме соодветни подготовки, ги зголемивме локалните производствени капацитети, разговараме со соседите за да не се прекине снабдувањето со електрична енергија или да нема пречки во преносната мрежа или познати како интерконекторите, посочи Бектеши.
Во однос на најавените мерки кои ќе почнат да се спроведуваат од 1 септември, Бектеши рече дека и намалувањето на потрошувачката за 15 отсто помага во справувањето со енергетската криза. Обврска да штедат имаат централните институции, а секој раководител на институцијата месечно ќе одговара пред Владата за заштедите за претходниот месец.
Тој изјави и дека за разлика од многу земји членки на ЕУ, „кај нас не очекуваме рестрикции ниту во текот на зимата, со оглед на тоа што ќе ги исполниме потребите на домаќинствата и микро компаниите со локално производство“