Бектеши на владина седница ќе реферира за одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“, па ќе ја информира јавноста за деталите

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на владина седница ќе ја образложи одлуката за спојување на концесиите за рудникот „Иловица-Штука“ којашто на 27 јуни заедно со колегите министри ја изгласаа како дополнителна точка на владина седница, а потоа некои од неговите колеги во Владата тврдеа во медиумите дека не биле „темелно запознаени“ за што гласале и побараа ревизија на одлуката.

Спојувањето на концесиите за рудник во струмичкиот регионо предизвика жестоки реакции во јавноста, по што Владата формално го задолжи ресорниот министер Бектеши, да реферира за постапката на владина седница.

Бектеши уверува дека спојувањето на концесиите е исправна одлука и тврди дека различна од давањето дозвола за експлоатација.

Според него, двете концесиите претставуваат една иста целина, односно првата концесија е во самото концесиско поле на втората, што им дава законска можност на инвеститорите да побараат спојување.

Со спојувањето, државата ќе избегне плаќање пенали, рече Бектеши минатата недела седмица.

Тој тврди дека доколку граѓаните не сакаат, тогаш рудник нема да има и дека Владата е подготвена да помогне за жителите од тој регион на референдум да се изјаснат.

За во 14 часот е закажана прес-конференција на која министерот ќе ги објасни деталите во врска со одлуката за спојување на концесиите за рудникот.

 

Поврзани новости