Бектеши: Мерките треба да спречат тотален локдаун

by fokus

Рестриктивните мерки ги воведуваме со цел да го сочуваме здравјето на граѓаните и да не се вратиме во ситуација на тотален локдаун како претходната година, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши.

-Утре имаме Кризен штаб каде ќе разговараме за дополнителни мерки доколку се потребни. Согласно бројките што ги имаме последните денови, се разгледуваат повеќе опции како што се воведување на потврда за вакцинација и потврда за антитела, а дополнително ќе се разгледа и можноста да се достави и ПЦР тест, но не постар од 14 дена, а секако да ги прошириме и дејностите вклучувајќи ги тука и шопинг моловите – рече Бектеши на Сител.

Ако се почитуваат протоколите и мерките, Бектеши е убеден дека нема да има потреба од затворање на цели дејности.

Поврзани новости