Бектеши: Кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, доматите максимум до 70, а лимонот 55 денари

by Fokus

На денешната владина седница донесена е одлука за замрзнување на цените на неколку зеленчуци и овошја, информираше министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој наведе дека замрзнувањето на цените ќе биде во сила до крајот на овој месец.

„Сакам да ја информирам јавноста дека од 5-ти април, па до крајот на месецот, свежите домати не може да се продаваат повеќе од 70 денари, свежите краставици од 75 денари. Кромидот не може да се продава повеќе од 60 денари, карфиолот не повеќе од 70 денари, зелените пиперки, не повеќе од 90 денари. Гравот не може да се продава повеќе од 75 денари, леќата од 110, бананите не повеќе од 70 денари, портокалите не повеќе од 55 ден, мандарините не повеќе од 60 и лимоните не повеќе од 55 денари“ – рече министерот Крешник Бектеши.

 

Поврзани новости