Прашањето за кратењето на платите во јавната администрација воопшто не е отворено како тема на разговор, не е разгледано како можност, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Тој ги отфрли како неточни информациите дека меѓу него и министерката за финансии Нина Ангеловска има несогласувања, особено за кратењето на платите во јавната администрација.
„Јас и министерката за финансии може да имаме различни ставови и на други теми, но ние сме дел од една влада и последните одлуки ги носиме колективно како влада и ги почитуваме. Не дека сме имале спротивставени ставови со министерката на оваа тема. Што се однесува до подготвувањето на ребалансот и на третиот сет економски мерки, имаме одлична соработка со министерката за финансии. Соработуваме на дневна основа за да создадеме што подобри мерки кои ќе бидат поддршка на стопанството и на граѓаните“, рече Бектеши.