570
Лично сметам дека треба да има одговорност за енергетската криза, ама прво треба да се справиме со неа, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши одговарајќи на новинарско прашање, а откако соопшти дека Владата прогласила кризна состојба во енергетскиот сектор.
„Откако ќе се справиме со кризата, ќе седнеме и ќе разговараме и за конкретна одговорност и за тоа кој потфрлил во делот на намалување на домашното производство – изјави Бектеши по инсистирања на новинарите за коментар во врска со работењето на „Електрани на Северна Македонија“.