Бектеши: Граѓаните ќе купуваат поевтино јужно овошје оваа зима, зголемени се квотите за увоз

by Fokus

Министерот за економија Крешник Бектеши утринава во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 најави дека зимава јужното овошје ќе поевтини поради, како што рече, одлуката за зголемување на квотите за негов увоз во земјава.

Одлуката била донесена на седница на Владата одржана утринава.

„Зголемени се квотите за увоз на јужно овошје – лимони, портокали, мандарини и слично и оваа зима граѓаните ќе имаат многу пониски цени на овие производи. Наместо квота од 8 000 тони, ќе се зголеми за дополнителни 2 000 тони до крајот на годината и зимоска ќе имаме многу пониски цени на јужното овошје“, рече Бектеши.

 

Поврзани новости