Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат

by Fokus

„Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5%“, напиша на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Во врска со одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени произвиди, министерот Бектеши напиша дека доколку има грешка во листата, таа ќе се корегира.

„Доколку во случај има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“ напиша Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.

„Граѓаните да бидат спокојни. Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат“ напиша тој.

Поврзани новости