445
Со воведувањето на кризната состојба, Северна Македонија успешно ја менаџира енергетската криза и во споредба со другите држави од соседство има потрошени многу помалку пари, оцени министерот за економија Крешник Бектеши во одговор на новинарско прашање за состојбите во енергетиката по денешната негова посета на Технолошко развојната зона во Тетово.
-Моментално нема рестрикции во Северна Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и малите потрошувачи. Горд сум на се што досега сме постигнале, а не сме трошеле од буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 120 милиони евра, истакна Бектеши.