Бектеши ги смирува трговците: Ниту еден нема да има загуби

by Fokus

Ниту еден од трговците нема да има загуби од Одлуката за ограничување на маржите, имајќи предвид дека се признаваат оперативните трошоци во формирањето на цената, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.

-Само за три производи нема да имаат добивка, а нема супермаркет или маркет што има под 300 – 400 производи. За големите и да не зборуваме, истакна Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања откако на прес-конференција во Владата соопшти дека стапува во сила забраната за извоз на пченица, пченка, јачмен, брашно и масло.

Според Бектеши, за време на викендот или на почетокот од идната седмица ќе има конкретни резултати од анализата како се применува Одлуката на терен.

-Најважно е што Одлуката е донесена во целосна соработка со коморите и е потврдено дека ќе биде одржлива по барање на големите ланци, трговците на мало и на големо, подвлече министерот.

Поврзани новости