Министерот Крешник Бектеши кој е член на ДУИ на новинарско прашање на Телма за тоа дали Груби ќе биде во партиските структури беше изнервиран и тврдеше дека не се знае ништо. Бектеши рече дека се ќе се знае за неколку часа на централното претседателството на ДУИ закажано за денеска.
Одговарајќи направи и гаф па ДУИ наместо партија ја нарече компанија бидејќи претходно одговараше на прашања за енергетските компании во државата.
-Дуи е демократска компанија. Во ДУИ се гласа и се дебатира. Ни јас не знам дали ќе бидам и за што ќе бидам избран, рече Бектеши.
Централното партиско претседателство се организира по бунтот на ткнр. огнена група предводена од старите кадри, а според информациите, разликите се испеглани, функциите се поделени додека за Артан Груби информациите се дека нема да биде во партиските тела.