383
Министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција говореше за состојбата со лебот во Македонија и одлуката за замрзнување на неговата цена.
Како што истакна тој, ги повика пекарите на разговор, со цел да се снајде соодветно решение.
„Повикуваме да се најде соодветно решение од кое ќе имаат придобивка граѓаните, да се обидеме да ја надминете тежината на најранливите категории на граѓани на нашата држава. Не е фер да се кажуваат невистини. Да не креираме хистерија за состојбата со лебот во Македонија. Да разговараме со сите засегнати страни во државава“, рече Бектеши.