Владата интензивно работи на подготовка на четвртиот пакет економски мерки којшто ќе ги опфати најсиромашните и компаниите, најави министерот за економија Крешник Бектеши на 4-тата Меѓународна конференција за бизнис и информатичка технологија која ја организира Универзитетот на ЈИЕ во Скопје.
-Со четвртиот пакет мерки ќе целиме да помогнеме и на секторите во кои претходно и можеби немаше дадено помош.Со четвртиот пакет мерки ќе бидат опфатени најсиромашните, со цел да ја зголемиме нивната потрошувачката моќ, но и на компаниите за да даваат плати. Ќе продолжиме со помошта за платите во најпогодените сектори. Четвртиот сет мерки ќе биде значајно поголем пакет мерки бидејќи ќе опфати повеќе категории на граѓани, но и ќе биде сет мерки кој ќе се реализира до крајот на оваа година, рече Бектеши.