Бектеши: БЕГ ќе остане без лиценцата ако не обезбеди парно греење

by fokus

Не само што треба да најдат начин за снабдување, туку БЕГ има и обврска за тоа согласно Законот за енергетика. Носителите на лиценците не може да престанат да ја исполнуваат обврската за испорачување на јавна услуга, ова вечерва го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека доколку тие прекинат да снабдуваат топлинска енергија, без претходно информирање на Регулаторната комисија за енергетика дека имаат проблем, РКЕ има право и да им ја одземе лиценцата.

-Согласно законот, тие се обврзани и да имаат количини за снабдување со топлинска енергија со алтернативно гориво во период од 15 дена, рече Бектеши.

Тој додаде дека проблемот со снабдувањето со топлинска енергија во делот на Скопје-Север, треба да биде решен преку Општината Чаир или други институции со интервенција од 20 милиони денари.

Министерот Бектеши нагласи дека Скопје и општините имаат и законска обврска да помогнат на граѓаните за поскапувањето на парното.

-Ние ги повикавме Град Скопје и општините во градот да се вклучат со креирање мерки за да излезат во пресрет на граѓаните. Град Скопје и општините треба да се вклучат со различни програми за дикретно да им помогнат на граѓаните, но и да го ублажи притосокот со ликвидноста што го имаат компаниите што снабдуваат топлинска енергија во градот, рече Бектеши.

Тој додаде дека централната власт ќе им помогне на Град Скопје и општините за префрлање на средства до локалните самоуправи за обезбедување природен гас за греење на јавните институции.

 

Поврзани новости