Бектеши: БЕГ има обврска да ги сторнира сметките за август

by Fokus

БЕГ има обврска да ги сторнира сметките за парно греење за месец август за кои реагираа граѓаните, изјави пред министерот за економија Крешник Бектеши.

Тој одговарајќи на новинарско прашање рече дека БЕГ треба да ги порамнат сметките со ЕСМ.

Изјавата ја даде на маргините на Самитот Отворен Балкан откако вчера од компанијата порачаа дека владата не ги исплатила субвенициите кои се пресметуваат во сметките.

Компанијата БЕГ пресметала 99,6 милиони денари неиспалтени субвенции, а и ЕСМ има финална пресметката за трошоците, но неофицијално заглавила пресметката на Скопје- Север, компанија која е во стечјана постапка.

Пресметките треба да ги провери и прифати владата и да ги префрли парите на посебна сметка на државната ЕСМ која го превзема и го регулира транспортот на топлинска енергија.

Граѓаните се збунети и веќе ги плаќаат сметките за месец Август откако ги добија малку порано. БЕГ си ги побара парите а се правда дека изготвувањето на сметките е редовна пракса.

Синоќешниот апел на регулаторите е БЕГ веднаш да ги повлече и сторнира сметките за месец август за сите корисници и да изготви нови во кои ќе бидат пресметани државните субвенции и да го вкалкулира последното покачување на цената одобрено до регулаторите во висина од 14 отсто.

Поврзани новости