Бектеши: Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки

by Fokus

Тие што го познаваат Артан, добро знаат дека тој носи одлуки од општ интерес, а не од личен – напиша на социјалните мрежи поранешниот министер за економија Крешник Бектеши по одлуката на неговиот сопартиец Артан Груби да се повлече од политиката откако беше објавено дека е ставен на т.н „црна листа“ на САД.

„Така е и оваа одлука полна со храброст, каде семејството е пред се. Артан се издвојува од многу други кога е време за големи одлуки“, пишува Бектеши.

„И покрај се, за мене и јас верувам дека и многу други кои те познаваат колегијално но и приватно, продолжуваш да бидеш вредна личност со високи доблести“, додава Бектеши.

Поврзани новости