Бектеши: Албанската опозиција одби состанок, изгледа само сакаат блокада

by Фокус

Албанската опозицијата денеска беше повикана на средба за да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок, бидејќи нивната цел изгледа е само да блокираат, изјави министерот за економија од редовите на ДУИ Крешник Бектеши.

-Македонската опозиција веќе ги поддржа законите од петиот сет економски мерки. Што се однесува до албанската опозиција, денеска ги повикавме да се договориме за различни теми и тие не прифатија да имаат таков состанок и изгледа нивната цел е само да блокираат, а да не придонесуваат за таквите мерки – истакна Бектеши.

Инаку, ДУИ изутрина најави средба на нејзиниот секретар Артан Груби со секретарите на БЕСА, ДПА, Алијанса за Албанците и Алтернатива во врска со претстојниот попис, но само еден час подоцна информираа дека средбата се откажува поради непотврдување на присуството од страна на опозициските политички партии.

Поврзани новости