,,Бекстејџ” и Миа Костова се враќаат во етер: Чувството е како по две години да сум дошла дома!

by Fokus

Естрадниот магазин ,,Бекстејџ” повторно се враќа на малите екрани. Забавната емисија која од 2008 година, па се до пред околу две години, кога престана да се емитува, беше познат бренд и една од најпопуларните платформи посветена на шоу бизнисот во земјава.

Водителката Миа Костова, која беше заштитен знак на ,,Бекстејџ” повторно ќе биде во улогата на водителка, заедно со својот колега Миро Кацаров.

За ,,Фокус” таа вели дека во времето додека траеше паузата на ,,Бекстејџ”, за речиси две години, никој не успеал да направи нешто слично и како за неа целиот проект е како враќање дома.

-Гледачите можат да го очекуваат она по што сме и долго препознатливи. Ексклузивни интервјуа и настани, секојдневни теми и информации. Искрено многу ми недостигаше и телевијата општо, ама ,,Бекстејџ” конкретно како телевизиски проект кој ми е ,,како дома”. Сметам дека и тоа како му недостигаше на македонскиот етер магазин од овој тип. Никој за време на паузата на ,,Бекстејџ” не направи ништо слично. Се гледаме на Канал 5 – порача Костова.

Емисијата дури два пати беше прогласена за супербренд во земјава, освои Златна Бубамара на популарноста за најдобра ТВ емисија во 2008 и 2009 година, и за најдобар ТВ проект во 2010 година.

Покрај Миа, дел од екипата на ,,Бекстејџ’’ во минатото беа и Мартина Михајловска, Николина Славковска, Кристина Петровска, Елеонора Лозналиева, Ева Јакимовска, Даница Караташова, Марио Наумовски, Андреј Игњатовски, Дејан Дојчиновски, Владимир Стојановски, Александар Блажевски и Петар Наумовски.

Емисијата се емитуваше на ТВ Алфа, а пред тоа од 2008 до 2013 на ТВ Сител, и од 2013 до 2015 на МРТ. За продукцијата и реализацијата беа задолжени од Продукција Сцена ДОО Скопје.

 

Поврзани новости