Беким Назири е повикан на распит во полициска станица, по налог на обвинителството, соопштија од МВР. Тој вчера им дозволи на насилниците да влезат во згратата на М-НАВ и физички да ги нападнат вработените.
Според информациите, Незири со својата картичка им отворил на лицата кои не се вработените во М-НАВ, да влезат во кулата за контрола на летање. Таму, еден од насилниците му удрил бокс на еден од контролорите, по што Незири почнал да му вика и да му се заканува. Нападот, според информациите, бил поради тоа што контролори Албанци му дале поддршка на првиот човек на синдикатот, Александар Тасевски.
Инцидентот се случи вчера околу 15.30 часот, по прес-конференцијата на синдикалецот Тасевски. Вработените се жалат на притисоци и побараа полициско обезбедување, како и спроведување на истрага за да се казнат насилниците.
Инаку, Незири е поранешен министер за економија, ексдиректор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, а сега е вработен во М-НАВ. Тој во 2010 година нападна инструктор во М-НАВ, кој не сакал да му потпише дека ја поминал обуката.