Беким Незири делеше шамари во М-НАВ, а судството на ДУИ го пушти дома, реагира ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Беким Незири ги предводеше бандитите од ДУИ при упадот во М-НАВ, го загрози воздушниот простор на Македонија, стави во опасност цивилни слетувања и прелети и НАТО авиони, и наместо брза постапка и одговорност, судството на ДУИ го пушти дома, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по одлуката на Апелациониот суд да му го укине куќниот притвор на Незири и уште едно осомничено лице и да му ги остави мерките за претпазливост.

-Заради одлуките како таа за Незири судството има 2% доверба, затоа што СДС и ДУИ го имаат окупирано системот, и за нив не важат законите. Како судот се увери дека Незири ќе биде достапен, дали истиот ќе биде достапен како и неговиот сопартиец и избеган од затвор Исмет Гури? Со секој поминат ден СДС и ДУИ му даваат нови причини на народот зошто повеќе никогаш да не даде глас за нив. Гласот за СДС и ДУИ е глас за тепачите како Беким Незири да бидат на слобода, а обичниот граѓанин за пет ќебапи да лежи во затвор, се вели во рекацијата.

Поврзани новости