Беќаровски за случајот со бебето: Никогаш не сум сретнал здравствен работник кој намерно повредил пациент

by Fokus

Доктор Нико Беќаровски јавно повика да се донесе закон за заштита на здравствените работници, по случајот со повреденото бебе на Детската клиника. Според Беќаровски, на сите може да им се случи да погрешат во работата, но дека досега не сретнал некој здравствен работник кој намерно повредил пациент.

„Во изминатите 35 години сум работел и соработувал со стотици здравствени работници.

Некои биле постручни, некои биле повешти, некои поснаодливи, некои почуствителни, некои помрзливи, некои недоучени, некои приучени, некои бесчувствителни, И сите без исклучок некогаш ненамерно сме згрешиле, НО НИКОГАШ не сум сретнал здравствен работник кој #НАМЕРНО_ПОВРЕДИЛ_ПАЦИЕНТ, а уште помалку недолжно мало дете.

Ако навистина има таков #МОНСТРУМ во нашите редови, најстрого да се казни, НО АКО ова е само уште една политичка пресметка за создавање непотребни меѓуетнички тензии, НАРАЧАТЕЛИТЕ јавно да се жигосаат.

И ВЕДНАШ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА ПРАВАТА И ЗАШТИТАТА НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ.

Денес “жртва” е медицинска сестра на Педијатрија, но утре може да биде секој од нас.

Р.Ѕ. сите навредливи коментари и коментари со националистичка содржина веднаш ќе бидат отстранети“ напиша Беќаровски.

Поврзани новости