Беќаровски за нов независен докторски синдикат: Сѐ што претходно д-р Дејан Ставриќ и д-р Горан Беговиќ создадоа, овие за 4 месеци го распродадоа.

by Fokus

Ако Лекарската Комора не излезе со јасен став околу повторното предавство од страна на Здравствените синдикати (второ во рок од четири месеци) кон докторите од јавното здравство, време е за НЕЗАВИСЕН ДОКТОРСКИ СИНДИКАТ ВЕДНАШ !!!

Да има кој да ги брани докторските интереси, напиша на својот фејсбук профил доктор Нико Беќаровски, поранешен директор на скопската Клиника за Токсикологија.

„И д-р.Љубиша Каранфиловски и д-р Предраг Серафимовски веќе не можат и не смеат да преговараат во име на докторите. Сѐ што претходно д-р Дејан Ставриќ и д-р Горан Беговиќ створија, овие за 4 месеци го распродадоа.

Во САД просечната годишна плата на судиите е 248.000$, на докторите 298.000$, во Македонија просечната судиска плата е 2.5 просечни докторски !!!“, пишува Беќаровски.

Поврзани новости