Беќаровски против отворени прозорци за време на часовите

by fokus

Доктор Нико Беќаровски во однос на учебната година предложи сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза), да ја следат онлајн, присуствувајќи физички само при тестирање и оценување.

-За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал. После тоа сметам училниците треба да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час, предлага Беќаровски.

Вели дека пред почетокот на наставата, за време на големиот одмор и по часовите, треба задолжително да се дезинфицираат сите простории.

-Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава, пишува Беќаровски на Фејсбук.

Поврзани новости