Беќаровски: Пациенти ни се закануваат со „Сега ќе свртам кај министерот“

by fokus

Доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија опиша со какви ситуации се соочуваат докторите за време на дежурствата. Вели дека има и пациенти кои ги пцујат и им се закануваат на различни начини.

-За жал секоја година и секој нов ден дежурствата, посебно во ургентните одделенија, се претворија во арена на исфрустрирани насилници, „мангупи” кои сакаат да го „изиграат” мој термин и пациенти чиј главен симптом е „знаеш ли кој сум јас”,„сега ќе свртам кај Министерот” и „од утре леташ од работа”. Пцуењата на сите членови на нашите фамилии, заканите по живот итн. за жал станаа нашето „ноќно освежување”.
Трагично и крајно загрижувачки е што 99% од овие „полноќни каубои” се млади лица, родени и едуцирани во македонската демократија.
P.S. Да не се чудите како е можно да пушат цигара во болничка соба СО КИСЛОРОД. Каубојците и со чизми во кревет спијат, пишува Беќаровски.

Тој додава дека без прецизен закон за правата и должностите на сите субјекти во здравствениот систем и доследно казнување на сите насилници, се повеќе бели мантили ќе ја играат својата лебедова песна во македонскиот јавен здравствен систем.

Поврзани новости