Беќаровски: Ковид-19 е “снајперист”, ограниченото движење е за да се намалат жртвите

by fokus

Вирусот е како најпрецизен снајперист.
Тивок, невидлив, подмолен. Само вчера успеа да “рани” најмалку 999 луѓе и да “убие” 14, вели професорот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија.

-А кога државата ни е преплавена со “снајперисти” нормално е да се ограничи движењето, за да се намалат жртвите.
И да во целост се согласувам дека сите кои веќе беа “ранети” од овој убиец имаат подобар, или еднакво добар штит како нас “истренираните”.
А “цивилите” кои не веруваат дека сме под “вкрстен снајперски оган” еден ден ќе разберат дека ограниченото движење, можеби им го спасил животот.
Премногу жртви дадовме за да се надмудруваме.
А генерали ќе има илјадници по завршената војна, денес и сега мора да е еден!, напиша професорот на фејсбук.

Поврзани новости