1.2K
Откако денеска во Собранието, пратениците на владејачката коалиција, Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ и Мирослав Богдановски од ДОМ со скафандери дојдоа во Собрание заразени од ковид-19 дојдоа за да обезбедат кворум и да гласаат во Собрание, лекарот Нико Беќаровски на фејсбук напиша дека денеска дознал дека скафандерите може да ги носат заразени лица во здрава средина.
-Мене ме учеа дека медицинскиот скафандер служи здраво лице безбедно да влезе и излезе од контаминирана средина. Денес дознав дека можел да служи и контаминирано лице да шета низ здрава средина. Замислете утре преку 20.000 да се рашетаат низ градов, ќе личиме на вселенска станица, напиша доктрот на својот профил.#МонтиПајтонСобрание, напиша Беќаровски.