Бекамови отседнаа во хрватски комплекс, каде само еден ден чини 10.000 евра

by Fokus

Славната двојка Викторија и Дејвид Бекам по Венеција пристигнаа во Хрватска, а на патувањето по Јадран пристигнаа за да ја прослават годишнината од бракот и 11-иот роденден на ќерката Харпер. Семејството престојува на островот Лопуд, каде што биле видени во неделата, а посетиле и еден познат ресторан, пишува „Вечерњи лист“.

Инаку, на Лопуд, отседнале во ресортот„Лопуд 1483“, кој е поранешен фрањевски манастир кој грофицата Франческа фон Хабсбург го реновирала и тука направила комбинација од музеј, елегантен бутик хотел, заедно со црква, камбанарија и манастир. Во рамките на комплексот се наоѓа и Светата градина.

Поврзани новости