Во интервју за „Утрински весник“ американскиот амбасадор порачува дека на Македонија и е потребна легитимна Влада, која нема скандали.
„Нашите пораки се исти со тие што ги кажаа пријателите од ЕУ. Сега е најважно да се имплементира договорот од Пржино и да се отвори пат за изборите од страна на четирите политички партии. Кои чекори треба да бидат преземени? Доколку може да се одржат избори, тие не треба да бидат одложени. Тие може да ја одведат земјата напред со влада која е целосно легитимна и не е инфицирана од скандали.
Ургентните реформски приоритети очигледно се тука, исто така. Постојат старите прашања за владеењето на правото и за медиумите, така што многу е важно владата да исчекори напред околу нив. И трето е прашањето на одговорноста што го вклучува Специјалното јавно обвинителство, бидејќи ако не се воспостави одговорност за прислушуваните разговори и за содржината откриена во нив, земјата ќе остане заглавена во кризата“ вели Бејли во интервјуто.