412
Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска оствари средба со потпретседателката на Собранието, Рената Дескоска. На средбата Бејли изразил задоволство од постигнатиот договор за избор за специјален обвинител, но и истакнал дека што поскоро треба да се формира анкетната комисија која ќе го испитува прислушувањето.
Тој додал дека исполнувањето на договорот од Пржино во точно предвидените рокови е од суштинско значење за одржување на фер и демократски избори, како и за разврска на политичката криза во Република Македонија.
Инаку, собраниската комисија за прислушувањето требаше да биде формирана по враќањето на СДСМ во Собранието, но ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ уште не можат да се договорат за ова прашање.