Бејли: Секој има право на протести, но без насилство и вандализам

by Fokus

Одлуките во врска со договорот за името се во надлежност на Македонија и Грција. Ние како држава одсекогаш сме го поддржувале разрешувањето, но крајната одлука не беше наша, истакна денеска амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли на отворањето на новиот објект за тактички вежби во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров коментирајќи ги обвинувањата на демонстрантите упатени до него и САД.

– Сега се постигна одреден компромис, поради кој вие го изразувате вашето незадоволство и нормално е двете страни на различен начин да бидат незадоволни поради компромисот. Луѓето во секоја демократија имаат пртаво на мирен протест и секако имаат право да го изразат своето несогласување со одредени одлуки – рече Бејли.

Потсети дека во мај 2016 година повториле, но и сега кажуваат дека вандализмот и насилството не се дел од демократското право.

 – Сметаме дека луѓето треба посмирено да се однесуваат за и полицијата демократски да се однесува. Во моментов постои дебата за тоа прашање и се треба да тргне токму од таа дебата – додаде Бејли.

Поврзани новости