417
По синоќешното гласање во македонскиот Парламент, каде со двотретинско мнозинство беше поддржана иницијативата за почнување процес на измени на Уставот, со реакција се огласи и американскиот амбасадор Џес Бејли.
„Пратениците од сите партии покажаа храброст и лидерство со тоа што се здружија за да помогнат да се обезбеди место на Македонија на Западот, во НАТО и во ЕУ“, напиша Бејли на Фејсбук.