535
Изведувачот плати, кратко одговори вицепремиерот, Артан Груби, на денешниот брифинг со новинарите, а на прашањето колку чинела свеченоста по повод почеток на градежните работи на Коридор 8.
Свеченоста се одржа на 4-ти месецов на патарината кај Тетово и наместо удирање на камен темелник беше откриена плоча на која пишуваше „Поставување камен темелник“. Груби се појави облечен во маичка со бројот осумка, а во сличен стил беше уредена и сцената.
Како што рече Груби, организацијата и била препуштена на компанијата „Арберија дизајн“, но и на „Буг саунд“.
„Арбериа Дизајн“ и е веќе позната на јавноста по бројните тендери кои ги добила од државни институции, пред се оние кои се раководени од кадар на ДУИ.