Се чини како лесно да се издишува Петков. И како да посакува и од другата страна за така деликатни прашања да се решава само врз основа на договор со сите партии.
Пишува Ѓорѓи Спасов
Кирил Петков без договор со сите партии во Бугарија немал намера да носи одлуки во врска со Македонија. Па тогаш што ќе им се премиер и влада на Бугарија.
Како може Петков за себе да каже дека е лидер и дека е различен дури и од мнозинството а не само од крајните националисти.
Ако Алексис Ципрас чекаше за решавање на спорот со Македонија да биде подржан и од опозицијата и од оние што со денови протестираа никогаш немаше тој спор да биде решен. Ако Заев бараше за се согласност од опозицијата уште немаше да бидиме членка на НАТО.
Потребни се лидерство и храброст на Балканот.
А не враќање на политиките на општинароден фронт од времето на комунизмот.
Се чини како лесно да се издишува Петков. И како да посакува и од другата страна за така деликатни прашања да се решава само врз основа на договор со сите партии.
А тоа може да значи реално бегање од договор. ЕУ и САД тоа треба да го знаат. Веројатно до сега нешто научија. А тоа е дека на Западниот Балкан се можни политички продори и поместувања само кога се појавуваат лидери кои се подготвени да водат да ризикуваат и да жртвуваат.
Со чекање и ветување дека нема договор без согласност од сите реално се напушта лидерската улога и политиката се сведува на политика на стадо.